Шовлин: Новите правила ја направија Ф1 предвидлива

Ендру Шовлин, главниот инженер крај патека во Мерцедес, смета дека новите правила од оваа сезона ја направиле Формула 1 многу предвидлива.

Промените годинава се целосен сет нови технички правила чија цел е да донесе поблиско тркање како и поголема конкуренција. Се чини дека Ред Бул во центар погоди со новите болиди со земјен ефект така што има големо водство во возачкиот и конструкторскито поредок. Тимот од Милтон Кинс победи 12 пати на 16те досега одржани трки, а останатите четири победи им припаднаа на Ферари. Мерцедес, тимот кој доминираше од 2014 година сеуште нема највисоко место на подиумот сеонава.

Шовлин признава дека следењето помеѓу болидите е олеснето во споредба со лани, но не смета дкеа конкуренцијата е зголемена.

следењето е малку полесно, но има некои патеки каде претекнување речиси и да нема, како на пример будимпешта и трката таму годинава беше поинтересно. кога носите голема промена на правиалта како што беше случај сезонава, се очекува комплетно ресетирање и почеток од нула.

до сега немавме блиско тркање и изгледа дека ред бул има голема предност пред останатите поради што предвидливоста на трките е поголема. но, правилата се мал чекор во права насока иако треба да се променат уште многу работи. иако многу се промени, јас не гледам дека поредокот се згуснува.

Следната година треба да се имплементира и промена на подот насочена кон намалување на потскокнувањето.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ