Јапонија и САД со подолги петочни сесии поради тест за Пирели

Формула 1 реши вторите петочни тренинг сесии на Гранд При трките во Америка и Јапонија да бидат подолги од нормалното со цел да се спроведе дополнителен тест за гумите на Пирели.

Италијанците работат на подобрување на својот производ за следната сезона, а фокус им е посилен преден дел за да се справат со подуправувањето кое е карактеристика на актуелните болиди. Досега тие работеа со индивидуални тимови и спроведуваа тестови на истите патеки каде што се одржуваат трките, но неколку дена по нив, а следен таков тест е со Ред Бул по Италијанското Гранд При на Монца.

Шефот на Пирели моторспорт, МАрио Исола, откри дека со договориле со шефовите на спортот вторите петочни тренинг сесии на Сузука и КОТА кои согласно правилата траат по 60 минути, да бидат продолжени за 30 минути за да им се даде на екипите можност да ги пробаат новите гуми. Доколку било која од двете сесии е прекината од дожд, ќе се продолжи вториот тренинг во Мексико.

Тој се надева дека ваквиот план ќе обезбеди екипите да имаат доволно знаење за перформансите на гумите со кои ќе се тркаат догодина.

вторите петочни тренинг сесии ќе бидат по 90 минути наместо 60 минути така што ќе имаме поголема флексибилност. во однос на возењето, за тимовите ќе бидат вообичаени втори тренинзи во петок.

верувам дека со овој план имаме добро решение за моментов иако е јасно дека треба во пракса да видиме дали ќе биде успешно или нема.

идеја е во иднина да работиме по двата принции, да имаме продолжени тренинг сесии, а во европа да остануваме на патеките по крајот на трките – појасни исола.

Иако италијанецот ја поздрави новата идеја, сепак свесен е дека истата не е без потешкотии.

јасно е дека имаме ограничени километри на моторите и не можеме да направиме ништо во врска со тоа затоа што секоја екипа има свој план. не е лесно затоа што мораме да најдеме решение за проблемите кои ги имавме.

идејата е да се користи втората сесија во петок и тоа е добра идеја затоа што не ги обврзувате екипите да патуваат и остануваат подолго по трките на патеката. но, на тој начин се користи истиот болид кој се користи остатокот и викендот и во иднина, истиот мотор, така што километражата е главоболка.

секогаш кога имаме идеја истата ја дискутираме подолго време пред да најдеме конечно решение.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ