Нова драстична промена за квалификациите во Унгарија

Ќе се прифати ли промената за следната сезона по нејзиниот пробен настап?

Шефот за моторспорт на Пирели, Марио Исола, го потврди спроведувањето на алтернативната распределба на пневматиците, АРП, на трката за Големата Награда на Унгарија овој викенд.

Како дел од континуираните напори за подобрување на одржливоста, италијанскиот производител на гуми ќе понуди само 11 комплети гуми за тридневниот настан на Хунгароринг, а тимовите ќе бидат обврзани да користат одредени соединенија во текот на квалификацискиот час во Сабота.

Според одредбите, возачите ќе возат во К1 на сет од тврди гуми, префрлувајќи се на медиум во втората сесија пред тие во топ 10 да се борат за пол позиција на најмеката смеса.

Тоа е дел од тестирањето на системот АРП (ATA) кој, доколку е успешен, може да се изгласа да се користи во текот на следната сезона и пошироко.

Новата распределба на гуми за квалификациите позната како ATA, или aлтернативна распределба на пневматиците, (ATA, or ‘Alternative Tyre Allocation’) ќе се испроба за прв пат, со обврска да се користи само хард во К1, медиум во К2 и софт во К3 ако условите останат суви – објасни Исола.

Промените, барем на хартија, треба да доведат до поширок опсег на опции, особено во однос на стратегијата.

АРП исто така заштедува два комплети гуми за суво во споредба со традиционалниот формат, користејќи 11 сетови наместо 13, и ќе се примени повторно на Италијанското ГП во Монца.

По тоа, ФИА, Ф1 и тимовите ќе одлучат дали ќе ја усвојат или не распределбата за следната сезона.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ