Јуки ќе стартува од бокс, Макс и Шарл по една позиција напред

Јуки Тсунода ќе ја почне денешната трка од боксот откако АлфаТаури се решија за промена на моторот, а тоа ќе ги однесе Макс Верстапен и Шарл Леклер една позиција понапред на гридот, односно на 14то и 15то место.

Јапонецот заврши на 19то место на саботните квалификации откако имаше лош круг во својот последен К1 обид, но по казните на возачите пред него, требаше да тргне од 13то место. Но, тимот реши да вгради свеж мотор кај него, доби мотор со внатрешно согорување, турбо полнач, како и целосен Ситем за повраток на енергијата составен од топлински и кинетички дел. Поради тоа што промената е направена без одобрување од техникиот делегат на ФИА, Јуки ќе добие казна да стартува од боксот.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ