Јуниорите на Рено го завршија тестот во Бахреин

Тројцата јуниори на Рено учествуваат во четиридневен тест возејќи го болидот на Рено од 2018 година како дел од нивната развојна програма. 

Иако Кристијан Лундгард и Гуаниу Жу веќе имаат возено Формула 1 болид, Оскар Пјастри за прв пат проба Формула 1 болид.  Пјастри е моментален Формула 3 шампион и извозе 82 круга на вториот ден на тестот со различно ниво на гориво на повеќе различни гуми на Пирели. 

Откако го извозев првиот круг, веќе немаше нервоза и се фокусирав на забава и возење брзо. Навистина уживав и мислам дека имав добро темпо.

Се навикнав брзо на болидот и мислам дека научив многу. Со нетрпение го чекам следното искуство благодарение на Рено и на академијата. Многу сум среќен бидејќи сите не добиваат ваква шанса – среќен е пјастри.

Лундгард возеше на првиот ден и извозе вкупно 101 круг со симулации на квалификации и трки. 

Жу се трка со Лундгард во Формула 2 и возеше на последните два дена на тестот. Првиот ден болидот на Жу имаше проблеми и не успеа да комплетира многу кругови, но во вториот ден тој надомести. 

Миа Шаризман, Директорот на Рено Академијата изјави:

Добро е што Кристијан и Жу успеја да ги комплетираат нивните програми пред последните трки во Формула 2 во Бахреин. Двајцата комплетираа над 100 кругови и ова е голем чекор напред по ланскиот тест со болидот од 2017 година.

Импресиониран сум од пристапот на Оскар. Тој успеа брзо да се навикне на болидот, што е всушност најтешката работа. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ