Јуниорот на Вилијамс, Сарџент, доби место во Ф2

Јуниорот на Вилијамс Формула 1, Логан Сарџент, ќе премине со полно работно време во Формула 2 следната година во тимот на Карлин.

Сарџент, кој заврши седми во Формула 3 оваа сезона, беше најавен како нов член на реструктуираната шема на Вилијамс за млади возачи. Американецот се тркаше на една Формуала 2 трка со HWA Racelab годинава и тоа во во Саудиска Арабија и сега ќе се справи со целосната сезона за Карлин во 2022 година.

Ова е неверојатна недела за мене. Да го добијам моето прво возење на Вилијамс ФВ43Б утре и потоа да го надополнам тоа со тридневно тестирање во мојот нов Формула 2 болид е едноставно неверојатно.

Не можам да дочекам повторно да му се придружам на Карлин, кој беше толку силен во Формула 2 и да почнам да работам на нашата програма за 2022 година – вели Сарџент.

Карлин возеше со Џехан Дарувала и поранешниот младинец на Вилијамс, Ден Тиктум во 2021 година.

Исклучително сум возбуден што ќе го гледам Логан како се натпреварува во Формула 2 шампионатот на ФИА следната година – рече спортскиот директор на Вилијамс, Свен Сметс.

Знам дека тоа ќе биде големо искуство за него и тоа е уште еден клучен чекор кон неговата цел да се трка во Формула 1.

Формула 3 сезоните на Логан ги покажаа неговите способности против многу талентирани возачи, докажувајќи дека тој е повеќе од способен за промоција во Формула 2, а ние ќе дадеме се од себе да продолжиме да го поддржуваме неговиот развој во текот на сезоната во 2022 година – велат одговорните од вилијамс.

Исто така, среќен сум што Вилијамс ќе продолжи да биде претставуван на гридот на јуниорската серија, уште еднаш истакнувајќи ја улогата на тимот во поддршката и негувањето на талентот за млади возачи.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ