Џовинаци на “воспитна“ во Алфа по Мексико

Откако Антонио Џовинаци ги критикуваше Алфа Ромео за стратегијата во Мексико, главниот инженер Чеви Пухолар, откри дека имале заеднички состанок со возачот.

Италијанецот беше на 6то место на почетокот на трката, а заврши како 11ти, надвор од поени во ситуација во која неговиот колегa завршиво на 8мо место.

добро поразговаравме по трката, а тој постави некои одлични прашања за текот на трката кој не го очекувал, но ние секако дека не сакавме да ја уништиме неговата трка.

очекувавме да излезе од бокс зад брзи болиди и во тие моменти имавме основа да веруваме во тоа. разбираме дека е разочаран, разочарани сме и ние затоа што заслужи добар резултат по одличните перформанси кои ги имаше.

научивме многу од трката и ќе продолжиме заедно да се бориме, покажавме на последните неколку трки дека имаме ритам и имаме брзина за редовни поени и целиме да финишираме во топ 10 со двајца возачи.

има уште четири трки до крајот и ако продолжиме со поени како на последните трки, ќе имаме одичен крај на сезоната – објасни пухолар.

Тој ја објасни стратегијата и размислувањето на тимот, откривајќи дека кога виделе дека по промената ан гуми Џовинаци ќе излезе зад Мерцедесот на Ботас и Мекларенот на Риакрдо, се решиле да го повлечат по нов сет. Но, тоа што о погрешиле е преценувањето на брзината на двајцата возачи кои не освоија поени на крајот од трката по меѓусебниот контакт од почетокот.

не ни се брзаше да промениме гуми затоа што антонио ја контролираше предноста пред фетел, но кога почна да губи ритам споредено со оние пред него и оние зад него, ни кажа дека се мачи со задните гуми.

ги анализиравме болидите зад него и ги видовме рикардо и ботас кои рано пробменија гуми и менаџираа со новиот сет. не сакавме антониот да загуби време како што губеше кими вовозот од болиди и поради тоа одлучивме да го внесеме во бокс, сметајќи дека ќе влее и фетел и така нема да не мине

нашите времиња по круг не се подобруваа и не очекувавме да ја направиме потребната предност, а очекувавме кога ќе излезе зад ботас и рикардо да го следи нивното темпо, кое го преценивме. миелевме дека двајцата ќе возат многу побрзо затоа што беа мекалрен и мерцедес, но беа побавни од нас и со тоа му ја уништивме трката на антонио.

не го очекувавме тоа да заглавиме зад толк брзи болиди толку долго време.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ