Џовинаци ќе остане професионален до крај

Антонио Џовинаци откри дека ќе остане професионален до крајот на својот Формула 1 престој во Алфа ромео и покрај критиките преку социјалните мрежи кои не му се допаднаа на Фредерик Васур.

Откако Алфа Ромео откри дека нема да го продолжи договорот на Џовинаци и на негово место ќе го донесе кинезот Гуанју Жу, нтонио на социјаните мрежи напиша дека спортот е брутален и дека парите се најважни во Формула 1, нешто што го извади “од кожа“ шефот Васур.

мислам дека бев многу професионален последните неколку години и ќе останам така и во иднина. немам ништо да додадам, среќен сум и мислам дека сум професионалец цело време откако сум дел од Алфа Ромео – вели Џовинаци.

Следната година италијанецот ќе ози за Драгон во Формула Е, но сака да остане во тк со Формула 1 преку резервното место во Ферари кое е негово неколку години. Исто така, цели и на ВЕЦ првенството со италијанскиот производител.

ферри ќе влезе во хајперкар класата од 2023 година, така што тоа останува опција, но во моментов сум насочен кон формула е која е одличен шампионат и сигурен сум дека ќе уживам во него.

се обидувам да останам и во формула 1 како трет возач на ферари, така што ќе видиме како ќе биде догодина. секако дека вер е првенство во кое сакам да се тркам, но прерано е.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ