? Гасли со посебна кацига посветен на Хубер

Возачот на Торо Росо, Пјер Гасли, откри дека на Италијанското Гранд При ќе се трка со посебна кацига посветена на неговиот пријател, прерано починатиот Антоан хубер.

Французинот пораснал во картинг крај Хубер, другари се од 14-годишна возраст, учеле на училиште заедно и дури и живееле заедно.

Во Белгија над визирот на кацигата на Гасли пишуваше “RIP Tonio”, додека над брадата имаше напишано “Racing for Anthoine” на последната трка во Спа. Неговиот дизајнер на кацигата, Адриен Павио доби задача да направи посебна кацига во чест на Антоан на почетокот на оваа седмица, а трудот од работата ќе биде видлив викендов.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ