📷 Мекларен го враќа хромот на Британското ГП

Мекларен ќе користат специјална хром шара на нивната домашна трка, Големата Награда на Британија, додека продолжуваат со годишните прослави на 60-годишнината.

Дизајнот е во чест на омилената хромирана боја на обожавателите, која ја користеа од 2006 и 2014 година и кога во 2008 година Луис Хамилтон ја освои шампионската титула.

Тоа беше последен пат кога Мекларен го вкуси успехот на светскиот шампионат.

Специјалната шара, која ќе ги краси двата болида МЦЛ60 на трката викендов во Силверстон, е дизајнирана во соработка со нивниот партнер Google и беше претставена во Технолошкиот центар Мекларен во Вокинг.

Не е тајна дека љубителите на трките ја сакаат класичната хромирана боја на Мекларен – рече извршниот директор на Мекларен Рејсинг, Зек Браун.

Google Chrome сакаше да врати елементи од оваа легендарна боја за да ја прослави историјата на нашиот тим на Големата Награда на Британија, а ние сме возбудени што можеме да им го дадеме на нашите навивачи она што го сакаат.

Сигурен сум дека оваа шара ќе им врати одлични спомени на многу од нашите фанови и едвај чекам да го видам болидот на патеката на нашата домашна трка.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ