Колку секој возач ја чинеше екипата поради инциденти?

Во 2019 бевме сведоци на многубројни инциденти на патеката, некои поради директни дуели, некои поради грешка на самиот возач.

Откако споделивме колкава е просечната вредност на деловите на Формула 1 болид во текот на една сезона, следува колку секој возач ја чинеше својата екипа поради инциденти на патеката.

Во изминатата сезона, Александер Албон, дефинитивно е во непосакувано водство во однос на тоа колку ги чинеше Торо Росо и Ред Бул со проценети трошоци од вкупно 5,414,000 американски долари, не вклучувајќи дополнителни 2,256,000 долари од инциденти во предсезонските тестови. На второто место е Роберт Кубица, кој го чинеше Вилијамс нешто повеќе од 3 милиони долари, додека на третата позиција е Ленс Строл со 2,896,000 долари.

Шесткратниот шампион Луис Хамилтон е на деветто место на оваа листа и ги чинеше Мерцедес 2,231,000 американски долари, додека од сите 20 возачи на гридот, Карлос Саинз се покажа како најодговорен и штедлив. Тој ги чинеше Мекларен “само“ 415,000 долари.

Во однос на трките, Големата Награда на Канада се покажа како најголем трошок од инциденти за сите екипи заедно, со вкупна сума од 3,638,000 долари.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ