Тод: Децении ја делат Ф1 од електрификација

Формула 1 нема да стане електрична тркачка серија следните неколку децении или воопшто, смета претседателот на ФИА, Жан Тод.

Додека Формула Е бележи раст и го привлекува вниманието на фановите и производителите, Тод е скептичен дека технологијата со батерии е подготвена да ја постигне побарувачката на Формула 1 во однос на брзина и изминати километри во следните години. Тод смета дека фокусот на Ф1 останува кон хибридната технологија, која не само што ја користи повратната енергија, но може да биде уште поприспособена кон климата преку поголемо користење на био-гориво.

Моментално ја земате предвид Ф1 само со хибриден мотор. Не може да помислите дека ФЕ ќе ја замени Ф1. 300 километри? Не постои електричен тркачки автомобил кој може да помине 300 километри со брзината на Формула 1. Ќе поминат децении пред да се случи тоа, ако воопшто се случи. Денешната хибридна технологија е правилниот избор, следниот чекор да имаме позелено гориво.

Мислењето на Тод е поддржано од главниот инженер на Мерцедес, Енди Кауел, кој смета дека спортот може да напредне многу во развојот на био-издржлива технологија во иднина.

Се се сведува на технологијата за складирање. Ако се литиумски батерии, тогаш таа временска рамка е точна. Ако преминете кон хидрогенско решение, тоа може да се направи, но болидите ќе бидат многу потешки и многу поголеми од денешните. Мислам дека поради чекорите кои ги правиме од 2021 година се важни, кога ќе воведеме 10 проценти био-гориво.

Ако можеме, со следната генерација на агрегатни единици, да развиеме мотор кој ќе користи 100 проценти еколошко гориво, тогаш има голема количина на карбон диксид кој може да се претвори во гориво базирано на течен хидрокарбон. Треба да создадеме течни горива и мотор кој е 60 проценти термално ефикасен, во кој што случај не значи дека ќе го отстраниме моторот со внатрешно согорување. Станува збор за адаптација. Мислам дека тоа е иднината во следните 10 – 20 години – гласи мислењето на инженерот.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ