Кубица ќе одработи пет петочни сесии

Новиот резервен возач на Алфа Ромео, Роберт Кубица, ќе добие можност да одработи пет први петочни тренинг сесии со болидот претсојнава тркачка сезона.

Полјакот кој заедно со својот спонзор ПКН Орлен стана дел од швајцарската екипа се очекува да добие место за тркање во ДТМ тркачката серија за фабричкиот тим на БМВ.

Поскиот спортски Przeglad Sportowy пишува дек паралелно со тркањето во Германија тој ќе има можност и пет пати на Гранд При викенд да вози за тимот. 35-годишникот веројатно ќе добие и еден ден тест со болидот во Барселоан пред почетокот на сезоната откако викендов се појавија и слики дека веќе му е земена мерка за седиште во болидот.

Искусниот Кубица го очекува поопуштена сезона откако се врати во Вилијамс лани со болид кој беше далеку од конкурентен и беше целосна катастрофа, но тој успеа да го донесе единствениот поен на контото на екипата.

во вилијамс се надевавме дека не може да биде полошо од 2018 година и беше полошо, така што никогаш не може да бидете сигурни. се надевам дека ќе имам полесен живот сезонава – најави роберт.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ