Кубица прв ќе тестира Алфа

Алфа Ромео потврдија дека Роберт Кубица ќе биде прв кој ќе седне во новиот болид на Алфа Ромео за време на првиот ден предсезонски тест во Барселона.

Полјакот сезонава ќе се трка во ДТМ за германски БМВ, а паралелно со таа програма ќе биде и тест и резервен возач на екипата од Хинвил.

Алфа веќе го провозеа болидот Ц39 со посебни шари во Мисано, а официјалните тркачки бои ќе ги видиме непосредно пред почетокот на тестот за кога е закажана промоцијата.

Потоа ќе следува возење од страна на Кубица на кого м уе доверен утринскиот дел од денот пред болидот да го превземат редовните возачи.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ