Алонсо: Андрети и Херта би биле одлични за Ф1

Фернандо Алонсо смета дека влез на Андрети Аутоспорт во Формула 1 и доаѓање на Колтон Херта како возач во тркачкат серија би било извонредно.

Веќе некое време се шпекулира дека Мајкл Андрети е заинтересира за влез во Формула 1 преку купување на Заубер Груп, а неговиот пулен Колтон Херта секако дека ќе добие шанса во болидот. Американецот имаше и претходен обид да влезе во спортот, но неговата понуда за превземање на пропаднатата Форс Индија не беше најповолна.

сметам дека колтон е многу добар и многу талентиран возач, мислам дека е најмлад индикар победник на трка. тој е во одличен тим со андрети и мислам дека е целосно подготвен за формула 1 – наајви нандо.

Фернандо се тркаше на Индијанаполис 500 во 2017 година токму со Андрети, така што не го знае гледиштето на Колтон и неговата желба да промени тркачка серија.

секој од нас има различен план за својата кариера. не знам што мисли колтон затоа што во моментов сум сигурн дека е среќен и задоволен во индикар исто како и алекс палу кој е првак годинава. тој е посветен на тркање во америка и ужива таму.

понекогаш формула 1 не е единствена цел, а моторспортот е многу повеќе од формула 1, иако многу луѓе сметаат дека ова  врвна тркачка серија, има и други одлични и атрактивни категории.

Проблем кај Херта е и суперлиценцата затоа што ФИА не дава многу поени за настап во Индикар, така што проблематично би било возењ ена американецот во Формула 1.

тешко е да се коментираат правилата, тоа е прашање на фиа и како тие го менаџираат ова лиценциеање. но, ако ме прашате мене, има категории како индикар кои се доволно добри и конкуренти за да мора да се добијат поени за други серии во европа. тоа е одлична дебата, но не сум јас тој кој што треба да одговори.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ