Вестакот: Реновирањето во Мелбурн покажува дека ќе останеме долго во спортот

Главниот извршен директор на Австралиското Гранд При, Ендру Вестакот, откри дека имаат намера долго да ја задржат тркта во Мелбурн, а инвестициите во патеката се само доказ за тоа.

Мелбурн дебитираше во календарот далечната 1996 година како замена за Аделаид, но Алберт Парк остана непроменет се до последната трка во 2019 година. Пандемијата откажа две последни Гранд При викенди таму, но за враќањето на спортот во Април годинава, ќе има доста новини.

кога правите модификации на патеката како ние и истите чинат 0 милиони долари, не го правите за 3-4 години колку што ни остануваат од актуелнио договор кој важи до 2025 година. секогаш гледаме кон иднината, а тоа е светот на формула 1 и на мотогп наде целиме ние. полни сме со оптимизам поради дијалогот кој се води во моментов – посочи вестакот.

Тој посочи дека преговорите за продолжување на договорот за Австралиското Гран При во Мелбурн се во тек.

луѓето ме прашуваат кога ќе почнеме со преговорите, но секогаш велам дека преговорите почнуваат во моментот кога ќе потпишете договор, тие никогаш не престануваат затоа што договорите бараат развој на инфраструктурата и патеката, а секако и програма за време на трките.

кога ќе видите што холанѓаните направија во зандворт, што направи мексико и што веројатно ќе направи мајами, ние мораме да се потрудиме да го задржиме чекорот.

Промените кои се одработуваат во Мелбурн ќе го направат средниот сектор одпатеката многу брз, истиот е проширен, кривините се пошироки, така што можноста за претекнвање поголема.

намерата е да направиме повозбудливо тркање. имавме критики дека се во мелбурн е убаво од гледна точка на инфраструктурата, индустријата, хотелите, сместувањето, рестораните, градот, но трките беа здодевни.

За прв пат од 1995 година, патеката доби нов асфалт, а Версакот најави дека има повеќе од само освежување на автодромот.

наместо да поставиме исти асфалт, иста подлога како претходно, одлучивме да направиме одредени промени, но земајќи ги во предвид ограичувањата кои ги имаме како на пример езерото, останатите спортски терени, инфраструктурата и стадионите. направивме мали промени во мешавината на асфалтот, проширивме кривини, како и делот пред боксовите.

комбиниравме повеќе делови за да донесеме поинтересна стратегија со гумите и се надеваме дека ќе донесеме поинтересни трки со поголема деградација и стратегии, како и можност за претекнување.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ