Еден од сопствениците на Мерцедес, најбогатиот британец, Џим Реткливф и неговата компанија Инеос, официјално се заинтересираа да го купат фудбалскиот клуб Манчестер Јунајтед.
Милијардерот има 1/3 од тимот заедно со Даимлер и Тото Волф. Од компанијата потврдуваат дека се во официјален процес за купување на тимот.
Ова не е прв пат тој да се обиде да купи тим во англиската Премиер лига откако претходно беше одбиена неговата понуда да го купи Челзи.
Возачот на Мерцедес, Хамилтон не одрекува дека има интерес заедно со Ретклиф да влезе во тимот но сеуште немало никаков контакт. Тој има удел во НФЛ тимот Денвер Бронкос и е поборник за различностите.