Алесандро Алуни Брави е новиот тимски шеф на Алфа Ромео

Опративниот директор на Заубер, Алесандро Алуни Брави, е именуван како нов тимски шеф на Алфа Ромео, и ќе работи под водство на Андреас Сеидл.

По заминувањето на извршниот директор на Заубер и тимски шеф на Алфа Ромео, Фредерик Васур во Ферари во Декември, Заубер потпиша договор со поранешниот тимски шеф на Мекларен, Сеидл, да ја преземе функцијата на Главен извршен директор. Во тоа време, исто така, беше потврдено дека Заубер, кој управува со Ф1 тимот на Алфа Ромео, ќе ги подели улогите и дека сè уште бара тимски шеф за Ф1.

Заубер во Четвртокот објави дека Алуни Брави, кој е опертивен директор на Групацијата Заубер, ќе ја преземе улогата на претставник на тимот за сезоната во 2023 година. Оваа позиција ќе биде споредлива со онаа на тимски шеф за време на тркачките викенди.

Сакам да му се заблагодарам на Андреас и на нашите акционери за довербата и сакам да ја повторам мојата посветеност да дадам се од себе за да ги оправдам нивните очекувања и да го претставам тимот на најдобар можен начин – рече Алуни Брави.

Огромна привилегија е да продолжам да работам со група на неверојатни луѓе кои во текот на многу години ми помогнаа да се интегрирам во групата Заубер. Она што ми го дадоа во овој период ќе ми овозможи да ја исполнам оваа задача и да го претставувам тимот според нашата заедничка визија и нашите цели.

Целосно сум свесен за работата што ја имаме пред нас и за предизвиците со кои се соочуваме. На оваа задача пристапувам со понизност, знаејќи дека сум дел од силен тим кој ќе ја заврши работата и со верба дека имаме сè што ни треба за успешна иднина.

Алуни Брави работи во Заубер од 2017 година, уживајќи кариера во моторспортот која се протега повеќе од 20 години, со што стекна значително искуство во помладите категории, кај тимовите и во менаџментот на возачите. Назначувањето на Алуни Брави да се грижи за секојдневното работење на тимот треба да го ослободи Сеидл да се фокусира на пошироката групација Заубер како извршен директор.

Швајцарската екипа се подготвува за почеток на партнерството во Ф1 со Ауди во 2026 година.

Среќен сум што можам да го потврдам назначувањето на Алесандро Алуни Брави за улогата на претставник на тимот, покрај неговите постоечки должности на оперативен директор на групацијата – рече Сеидл.

Неговото огромно искуство во моторспортот го опреми со сите алатки што му се потребни за да успее, а неговото интимно познавање на тимот, чиј дел е повеќе од пет години, ќе обезбеди стабилност и континуитет во нашиот напредок.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ