Француската Влада ќе помогне за враќање на Формула 1 трката на календарот.
Франција важи за една од историските земји за Формула 1, а последната трка се возеше минатата година на Пол Рикар, патека сопственост на Славица Еклстон.
Жан Алези беше назначен за претседател на Пол Рикар во пресрет на последната трка и сега потенцираше дека има национален консензус за враќање на трката на календарот.
Имав чест да зборувам со претседателот на републиката за нешто што е близу до моето срце, Но мислам дека има други приоритети – откри алези.
Сепак, министерот за спорт, Амелија Оудеа Кастера, потенцираше дека Владата сака да ја врати трката на календарот.
Позитивно е што шефот на Формула 1 има желба за Франција и Работиме на тоа да се врати на календарот. Сакаме да ги привлечеме вистинските луѓе и знаеме дека има такви во Франција кои ќе ни помогнат да развиеме добар проект и да ја искористиме шансата што ќе ја добиеме.