F1 2015: За љубителите на Формула 1 симулации

Codemasters и официјално ја промовираше новата верзија од официјалната симулација за Формула 1. Играта ќе излезе во продажба на 10ти Јули, и ќе биде достапна за PC, PS4 и Xbox One. Основата е на целосно нова платформа која нуди неверојатно искуство од гледна точка на физика и графика.

Како и претходните изданија, изработена е целосно под лиценца на Формула 1, но овојпат со цел да се долови целосното првенство и настани околу една трка, ќе бидат користени исклучиво возачи од активното првенство. Со други зборови, во модот на кариера, нема да бидете во можност да возите како самиот себеси.

Во прилог се и видео записи од како изгледа новата симулација, при дождливи услови во Канада, и сончево време Мексико, на патеката Херманос Родригез.

Видео од Мексико

[embedyt]http://www.youtube.com/watch?v=JMEWfWBKuh0&width=832&height=480[/embedyt]

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ