PSS Технички Преглед: Какви перформанси се кријат во новиот А521?

Има нов тим на гридот на Ф1 оваа година, откако тимот на Рено премина кон својот нов идентитет на Алпин за 2021 година и пошироко.

Ребрендираниот тим го откри својот впечатлив дизајн, користејќи дигитални рендери на новиот болид. Според она што може да се види од дигиталните рендери на Алпин A521, тоа не е радикална надградба на претходникот на Рено РС20.

Тенкиот нос е оној што беше претставен од Рено минатата година, иако со прилично поинаква придружна наметка, што одговара на ревидираните приоритети на протокот на воздух помеѓу подот и околу бодидот од ’21 година.

Во принцип, прегледот на болидот изгледа неверојатно слично под неговата нова шара, задржувајќи ја претходната форма на слабо потпорен под.

Во основа постојат две насоки на размислување за дизајнот на страничните отвори во Ф1: пресечен или рамен, а Алпин го има првиот, за разлика од Ред Бул или Мерцедес. Двете карактеристики настојуваат да го забрзаат протокот на воздух по долниот дел, но механичките распореди и текот под отворите често одредуваат кој е посоодветен.

Страничните отвори се појавуваат малку потесни. Ова во комбинација со посложениот дел од штитни плочи ќе го подобри капацитетот на проток на воздух по страните на телото кон задната четвртина од болидот.

Точката на балансирање помеѓу протокот на подвозјето и она што се напојува околу страните оваа година ќе биде повеќе оптоварена кон последното отколку што беше случај минатата година, бидејќи аеродинамичарите бараат да се поврати силата изгубена со намалувањето на површината на подот. Двата протока комуницираат едни со други и целта е да се зголеми разликата во притисокот помеѓу подот и околината.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ