PSS Технички Преглед: Како е подобрен Алфа Ромео Ц41?

Тимот на Алфа Ромео успеа да постигне само осум поени во 2020 година, па дали нивниот нов болид ќе помине подобро оваа година?

Новиот болид Ц41 е можеби најмалку видливо променет во однос на 2020 година од четирите болиди кои се лансирани досега. Но, најочигледна визуелна разлика е потполно нов нос и тоа е направено според регулативата на тимот што дозволува трошење на два токена.

Носот е значително потесен отколку на минатогодишниот Ц39 и неговиот врв е обликуван сосема поинаку (како што можете да видите на сликата подолу). Ноздрите близначки исчезнаа бидејќи техничкиот тим предводен од Јан Монша се обиде да го оптимизира предниот дел на болидот околу просторот под носот што помага во создавањето и насочувањето на вртлозите.

Трендот во последните две години беше далеку од широкиот нос, а Алфа – заедно со АлфаТаури и Ферари – беше меѓу последните што го следеа овој тренд.

Според стандардите на минатогодишниот Мерцедес или Ред Бул, ова е сè уште широк нос. Поширокиот нос всушност може да создаде поголема мпотисна сила при голема брзина на болидот користејќи ја областа со низок притисок под него за да го забрза протокот на подот.

Но, при мала брзина, ова може да стане нешто како мртва зона за протокот на воздух, а дополнително значи дека просторот под носот не може да започне да го врти воздухот кон страничните крила по тркалата. Колку побрзо протокот може да се сврти, толку ќе има поголема конзистентност до моментот кога ќе пристигне до тие странични крила, дозволувајќи им да ја завршат својата работа подобро.

Исто така, постојат опасности поврзани со крајност при стеснување на носот, освен што е потешко да се помине низ регулативниот краш тест. Исто така, може да биде покомплицирано за да се спречат различните вртлози што заостануваат пред предното крило и долниот простор на носот и да се мешаат едни со други со што се намалува нивната ефикасност при забрзување на протокот. Управувањето со протокот на воздух треба да биде уште попрецизно кога се усвојува тесниот нос – како што откри Ред Бул кога ја направи промената во 2020 година.

Освен носот, Ц41 изгледа неверојатно сличен на неговиот претходник, иако со новиот регулациски тесен под. Го задржува предното крило во голема мерка натоварено кон внатрешноста и се чини дека е истата предна суспензија и влезната форма на ладилникот.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ