RTL добива четири трки од Sky

РТЛ сепак нема целосно да ги напушти Формула 1 преносите во Германија, откако германски Sку им дадоа права за пренос на четири трки од овогодинешниот календар. 

РТЛ се откажаа од Формула 1 на крајот на минатата сезона по отворањето на Sку Sроrts F1 во Германија. Сега, Sку му даваат на РТЛ право да пренесува четири трки во живо. 

Со договорот, Sку има право да дава лиценца на други телевизии, а РТЛ ја искористи таа опција. До сега се знае дека двете трки во Италија ќе се пренесуваат во живо на бесплатниот РТЛ, а покрај нив се очекува пренос и од трката во Шпанија. Извршниот директор на Скај Германија, Девеш Раџ изјави:

Скај Кју комбинира линеарна телевизија, видеотека, апликации, пренос и различни функционалности. Сега се партнери со РТЛ и тоа ќе ја засили позицијата во Германија.

Скај е новиот дом на моторспортот во Германија. Нашите гледачи ќе имаат можност да ги следат 23те трки. За да се осигура поголема публика ќе му дадеме на РТЛ пренос на четири трки. 

РТЛ ќе биде дел од Скај Кју платформата која осигура лиценца на правата на Формула 1. 

Понудата на блиска интеракција со нашите канали е главно во нашата стратегија. Партнерството со Скај ни овозможува да се зголеми растот на нашата платформа. Во исто време ќе добиеме можност за пренос за други спортови во живо – изјави извршниот директор на РТЛ, Бернд Рајхарт.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ