ВЕЦ, Силверстон: Трета последователна победа за Алонсо и Тојота

Фернандо Алонсо и неговата екипа, Тојота, заедно со Себастијан Буеми и Казуки Накаџима продолжија со трета последователна победа во сезоната на трката 6 часа во Силверстон.

Доминантната сезона на Тојота продолжи и на трката викендов, а вториот автомобил возен од Мајк Конвеј, Камуи Кобајаши и Хозе Мариа Лопез, стартувајќи од пол позиција водеше во првиот дел од трката.

Автомобилот на Алонсо, кој беше на алтернативна стратегија, го превзеде водството во вториот стинт, но по бавно влегување во бокс, Конвеј го врати  водството. Набргу, Алонсо го притисна британецот и со одличен потег ја превзеде првата позиција.

Иако направи предност, истата исчезна при средина на трката, поради безбедносно возило. По промена на возачите, Лопез го претекна Накаџима. Како што трката дојде при крајот, Буеми беше во потера, помогнато со бавно влегување во бокс од вториот автомобил.

Мало излетување на Кобајаши го оштети подот на автомобилот и му овозможи одлична шанса на Буеми да стигне до триумф.

Позади доминацијата на Тојота, двата автомобила на Ребелион Рејсинг завршија со заостанување од 4 и 5 кругови, додека екипата на Џеки Чен ДЦ Рејсинг, заврши со 1-2 пласман во ЛМП2 категоријата.

Џенсон Батон, кој се надеваше на битка за подиум на домашен терен, беше елиминиран во почетокот на трката поради проблеми со моторот во неговиот СМП Рејсинг.

Следната трка во ВЕЦ ќе се одржи во Фуџи, Јапонија, на 12 Октомври.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ