Абитебул до Рејсинг Поинт: Критикуваат тие со нелегален болид

Сирил Абитебул ја брани одлуката на ФИА да му дозволи на Фернандо Алонсо да настапи на тестот за млади возачи во Абу Даби по крајот на Гранд При трката.

Спортскиот правилник вели дека на тестот може да учествуваат само млади возачи со помалку од две Гранд При трки зад себе, но по лобирање од страна на Рено, ФИА ја прочири таа можност и сега може да тестираат сите кои не биле дел од овогодинешниот круг. Така, право на тест за Рено доби Фернандо Алонсо, но и Себастиен Буеми за Ред Бул и Роберт Кубица за Алфа Ромео.

Одлуката ги изнервира ривалите, а особено Рејсинг Поинт, Мекларен и Ферари. Последните бараат тест за Карлос Саинз, додека другите ќе го пропуштат тестот бидејќи немаат млади возачи. Шефот на Рејсинг Поинт, Отмар Шафнауер имаше дипломатски пристап до публиката. 

Мора да се разберат правилата. Изненаден сум што Фернандо има дозвола иако правилата се јасни, двократен шампион не е млад возач. Мора да се сфати што е правилно. 

Првиот човек на Рено, Сирил Абитебул, на таа провокција одговори:

јасно е напишано дека покрај млад возач, на тестот може да учествува и секој кој ќе добие дозвола од ФИА. Доколку Отмар сака нешто против ФИА, тие се богати и имаат нелегален болид. Ние го знаеме тоа и го прифативме, Но ако сака нешто од ФИА сега тоа ќе биде иронично. 

Тимовите се незадоволни од одлуката за Алонсо бидејќи неговиот фидбек може многу да му помогне на Рено. 

Што е неопходно? Секогаш сум бил искрен. Ни треба најдобрата платформа за да работиме за наредната година. Никој не е тука за да биде просечен, сите сакаат да се најдобри и да прават работи од комерцијална природа.

Јасно е дека не сме со Фернандо од комерцијална природа, туку ова е да сме подобри. Јасни сме со ФИА и со Формула 1 што сакаме да направиме. Има лимити до каде може.

Мора да се врати Фернандо во Формуа. Тој беше добар со стариот болид и сега има уште еден ден. Знам дека е исто за сите. Но тука сме само со една причина. ФИА ни даде шанса и ќе пробаме да напредуваме – заврши абитебул.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ