Абитебул загрижен: Едвај дишам додека Алонсо е на Инди

Шефот на Рено, Сирил Абитбул, откри дека “едвај дише“ додека неговиот возач за следната година, Фернандо Алонсо, се трка на Индијанаполис 500 во Америка.

Минатиот месец Рено објави дека од следната година Нандо ќе мине две сезони во фабричката Формула 1 екипа со која освои две титули во 2005 и 2006 година.

Нандо неделава го почна својот трет обид за тројна круна и победа на трката која му недостасува за такво постигнување, но уште на првиот ден имаше судар на 4та кривина по што заврши во бариерата, но без никакви последици по него. Денот го заврши на 8мо место, побрз од двајцата свои колеги.

Шефот на Рено го потврди тоа што Алонсо го изјави дека додека е член на фабричката екипа нема да добие дозвола да се трка во Америка дури и Индијанаполис 500 да не се поклопува со Формула 1 Гранд При тркачки викенд.

тоа е јасно. и во моментов едвај дишам до следниот викенд кога ќе заврши трката. навистина ми е многу страв што се трка на индијанаполис.

јасно е дека кога ќе дојде кај нас треба да остане тука долго и да се концентрира и насочи само на нашиот проект. не смее да има никакво одвлекување на вниманието – најави сирил.

Самиот возач е свесен дека додека вози за Рено нема да добие дозвола да се трка во Америка и да го оствари својот сон.

доаѓам на оваа трка знаејќи дека следните две години додека возам за рено нема да имам можност да доаѓам овдека. нема да бидам со маклрен следната година во формула 2 така што следните две години нема да се тркам во америка.

такви се работите во моментов и поради тоа ќе уживам максимално во викендот пред и ќе дадам се од себе. да видиме што носи иднианта и кои се можностите. ако победам еден ден тоа ќе отвори нови можности за мене.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ