Абитебул: Одличен резултат, но секогаш сакаме повеќе

Сирил Абитебул, шефот на Рено, изјави дека е задоволен со перформансите на тимот во Сочи, иако повторно не завршија на подиум, дури и беа една позиција полоши одошто на претходниот тркачки викенд.

Даниел Рикардо финишираше на 5то место, две позиции пред Естебан окон со вкупно 16 поени за тимот, иако Сирил се надевал дека можат до подиум по пропуштената шанса на Муџело.

викендов имавме силен резултат за тимот со 16 поени во конструкторскиот поредок. од петокот знаеме дека можеме да завриме одлична работа и добро е што тоа го постигнавме.

јасно е дека секогаш сакате повеќе, но четирите болиди кои завршија пред нас си ја заслужија позицијата. знаевме дек ќе бидеме под закана од болиди кои стартуваа надвор од топ 10 поради гумите и токму тоа се случи од Леклер и Квјат. Даниел беше навистин импресивен правејќи предност пред Леклер за да не загуби позиција поради казната.

естебан се мачеше повеќе со грипот во одредени делови на трката, но одлично се бранеше од квјат повеќе од 20 кругови и придонесе за одличниот тимски резултат – задоволен е французинот.

Во моментов Рено има 99 поени по 11 трки што е подобрување на нивниот најдобар резултат по враќањето во спортот од 91 поен во 2019 година.

тоа е јасен показател на напредокот на тимот од година во година. исто така сме поблиску од било когаа до двете екипи пред нас така што ќе биде интересна борба до крајот на сезоната.

Освоените поени ги носат Рено на 5то место кај конструкторите со само 5 поени зад Рејсинг Поинт и 7 поени зад Мекларен кои се трети.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ