Абитебул: Окон не треба да се срами од перформансите

Сирил Абитебул, првиот човек на фабричкиот тим на Рено, изјави дека Естебан Окон не треба да се споредува со Даниел Риакрдо. 

По една година пауза, французинот се врати во спортот, но не може да му парира на неговиот австралиски колега . По 11 извозени трки, Окон заостанува на секое поле и има 36 поени наспроти Рикардо кој има 78. Сепак, според Абитебул, Окон не треба да е обесхрабрен. 

Мислам дека треба да го прави тоа што го прави последните неколку трки, но сепак тоа не му се исплатеше поради некои работи кои не се под негова контрола. На Монца беше тешко и од тогаш почна да работи добро.

Мора да има прагматичен пристап кон ситуацијата, но не е катастрофа. доколку му се одземат поените каде имаше проблем со издржливоста пак ќе беше зад Рикардо, но не толку далеку.

Естебан има многу силен колега, но имаат добри односи за разлика од времето кога возеше крај серхио Перез. 

Рикардо е еден од најценетите возачи на гридот и за прв пат се искачи со Рено на подиумиот откако тимот се врати во спортот во 2015 година. 

Мислам дека окон треба да има реални цели и дека со моменталните перформанси не треба да се срами. Потребна му е можност да биде трпелив, но тој како сите млади возачи нема трпение и прави грешки. Но нема причина за ова и тоа може да се поправи. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ