Абитебул: Подиумот на Окон е предупредување за Алонсо

Второто место на Естебан Окон на Шакирското Гранд При е знак за предизвикот кој го чека Фернандо Алонсо наредната година. 

Нандо е двократен Формула шампион на Рено кој се враќа наредната сезона во Формула 1 по двегодишна пауза од врвната моторспорт тркачка серија. Тој ќе го замени Даниел Рикардо кој оди во Мекларен и ќе биде колега со Окон. 

Абитебул верува во резултатите на Окон дека не биле поради околностите и дека големи работи стојат пред французинот. 

Навистина сум среќен за Естебан. Имавме добри моменти со Даниел, но тој си заминува, а Естебан останува во тимот. Верувавме дека подиумот е можен, но поради некои проблеми со издржливоста, не секогаш можевме да ги освоиме. Овој момент беше клучен за Естебан за да му покаже предизвик на Алонсо – смета Сирил.

Во исто време, Абитебул вели дека неговиот тим можел и подобро од петтата позиција на Рикардо. 

Ова е горчлив резултат и можевме подобро со Даниел, но резултатот на Естебан е заслужен. Дел сме од многу тесна борба и секој поен е многу значаен. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ