Абитебул: смета дека чести промени на возачите не се добри

Првиот човек на фабричката екипа на Рено, Сирил Абитебул, призна дека тимот направил многу промени кај возачите во последните години, што смета дека не е добро.

Откако се вратија во Формула 1 како фабричка екипа, францускиот тим секоја година ги менушаше своите возачи и продолжува со овој тренд и во пресрет на следната година, кога во тимот ќе се врати двократниот првак, Фернандо Алонсо.

Абитебул признава дека Рено се подготвувале да привлече шампионски возач во текот на проектот.

Тоа е една од работите кои ги градиме од 2015 година. Имаме цел на возачка страна да направиме светски шампион и Тоа ни оди по планот.

Но, Рено не очекуваа да го изгубат Даниел Рикардо кој заминува во Мекларен наредната година, како замена за Карлос Саинз.

Не е добро да се менуваат возачите секоја година и Мислам дека губиме нешто со тоа. Немам големи жалби, Жалам за нешто што не можам да го кажам, но не жалам што сум тука.

Абитебул изјави дека на Алонсо не му е потребна аклиматизаија бидејќи две години не беше во спортот.

Фернандо може да вози се со четири тркала и поради тоа Не сум загрижен. Сега има поголема потисна сила од времето кога тој возеше и полесно ќе се адаптира.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ