Австралиското Гранд При пред откажување

По состанокот помеѓу шефовите на екипите вечерва, Големата награда на Австралија е пред откажување. Кусо откако Мекларен се повлекоа од трката откако кај нивни член беше пронајден корона вирус, тимовите одржаа состанок околу работите кои следуваат.

На состанокот на кој присуствувале и ФИА и Формула 1 екипите, најголем дел од нив не сакале да продолжат со тркањето. Федерацијата потврдила дека ќе го слуша мнозинството, така што веројатно е дека ќе следува откажување на трката иако официјална потврда сеуште нема, но шпекулациите велат дека Формула 1 и ФИА ќе излезат накусо со заедничко соопштение.

Осуммина од падокот се тестирани за корона вирус откако Формула 1 караванот пристигна во Мелбурн, а седум од тие тестови се негативни, освен оној на членот од тимот од Вокинг. Уште една индивидуа, веројатно фотограф, се тестира за корона, а резултатите од неговите тестови ќе бидат познати подоцна.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ