Австралијанците се надеваат дека нивната трка ќе биде решавачка

Главниот извршен директор на Големата награда на Австраија, Ендру Вестакот, се надева дека трката во Мелбурн коа е презакажана за Ноември ќе биде решавачка во борбата за овогодинешниот наслов во Формула 1.

Во Јануари беше потврдено дека Австралија нема да ја отвори сезоната поради ситуацијата со пандемијата на континентот, туку трката ќе биде презакажана и ќе се одржи кон крајот на сезоната. Моменталните правила за влез наложуваат задолжителен 14-дневен карантин така што патувањето би било многу комплицирано во моментов.

Ланската трка беше целосно откажана на само неколку часови пред првата петочна тренинг сесија поради позитивен корона вирус случај во тимот на Мекларен. Ако се е според планот годинава, 21ва трка од вкупно предвидените 23 ќе биде Австралиското Гранд При на Алберт Парк во Мелбурн.

иако јас секогаш имам страст да ја почнеме формула 1 сезоната со сите емоции кои тоа ги носи, сепак исто толку сум возбуден што ќе бидеме трета трка пред крајот на сезоната и тоа од неколку причини. луис хамилтон токму на третата трка броено одзади ја освои титулата лани – потсети вестакот.

Од 1996 година Мелбурн речиси секогаш ја отворило сезоната, иако не бепе така одамна кога конкурентскиот Аделаид ја затвораше сезоната. Уличната патека во Аделаид донесе мног моменти за паметење во спортот како дуелите помеѓу Ники Лауда и Алан Прост во борба за титула во два наврати. Прост победи и дојде до наслов во 1986 година, додека Шумахер освои титула во 1994 година.

последен пат кога австралија беше домаќин на трка во ноември беше на аделаид во 1995 година и тогаш победи демјон хил, додека михаел шумахер ја освои својата втора титула на следнта трка.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ