Австралија не размислува за откажување

Австралија се подготвува за организација на прва Гранд При трка од 2019 година и шефот на патеката објави дека има дозвола од Владата за организација на настанот. 

Австралија нема организирано трка од 2019 година бидејќи во 2020 беше откажана во последен момент во пресрет на пандемијата. Мелбурн доби нов датум на календарот и трката треба да се одржи на 10 Април. 

Имаме дозвола од владата да ја одржиме трката. Ние сме трета трка на календарот и Брзо ги продаваме картите, а има уште 80 дена до трката. Со нетрпение чекаме да дојдат најдобрите возачи со нови болиди на нова патека – велат од австралиската гранд при корпорација.

Настанот треба да се организира без проблеми, иако во државата сеуште се на сила мерките против Ковид-19. 

Ќе имаме нови болиди на патеката, нова забава и музика во текот на четири дена, Но мора да сме безбедни и сакаме учесниците да се вакцинирани бидејќи ова е огромен парк и ќе има многу настани. Работиме со владата да ни дозволи максимална публика. 

На три месеци од трката, Главниот извршен директор Вестакот, беше прашан што би се случило доколку бројките на заразени пораснат или се појави нов сој на вирусот. 

Не мислиме на тоа. Мислам дека го поминавме тоа. Моменталните бројки се стабилни и мислам дека ќе имаме публика. Не размислуваме и не сме дискутирале за такво сценарио. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ