Австралија пет пати ќе биде прва трка од сезоната

Големата награда на Австралија пет пати во следните 13 години ќе ја отвори Формула 1 сезоната и ќе бидр прва трка од календарот, како дел од новиот договор за организација кој трае до 2035 година.

Познато е Австралиското Гранд При ќе ја отвори сезоната во 2024 и 2025 година, а следните три такви прилики дополнително ќе треба да бидат одлучени. За следната година сеуште нема одлука, но многуверојатно дека повторно Бахреин ќе биде прва трка.

Мелбурн согласно новиот договор секогаш ќе биде помеѓу првите три трки во годината.

доволно тешко за нас е да се организираат четири денови активности на алберт парк, а замислете како им е во формула 1 што тоа треба да го прават за сите 23 трки од календарот.

на почетокот од сезоната, со оглед на тоа што е рамадан и божиќ како и другите веќе закажани настани, пет трки го предводат календарот, а тоа што мелбурн е меѓу нив е одлично за нас. она што н езнаеме за следните 13 години е дали ќе бидеме прва, втора или трета трка.

овој договор е одличен за нас, годинава видовме 419 ијади луѓе овдека за време на тркачиот викенд, а тоа е одлично – посочи шефот на патеката.

Долги години континентот е отворање на Формула 1 сезоната, но годинава, поради двегодишно отсуство од календарот предизвикано од пандемијата, Мелбурн беше 3та трка, но тоа немаше никакви влијание врз рекордната пубика која го посети Алберт Парк. Шефот Вестакот е горд на постигнатото и смета дека за нив е важно да се при почетокот.

секогаш сме имале договор да бидеме на почетокот од сезоната и сме биле долго време прва трка, но знаеме дека календарот е многу конкурентен и да се биде при почетокот е одличо. не баравме ништо повеќе од тоа и мислеиме дека првите три трки од календарот се одлично место, како што се виде годинава.

Автодромот не се бранеше само од “напад“ од странство за своето место, туку и други австралиски градови сакаа трка наместо државата Викторија, а најгласни во својот обид беа челниците во Сиднеј.

сиднеј тајно работеше, но и ние, како и јужна австралија, квинсленд и нов јужен велс, држави кои се бореа за формула 1 и мотогп. конуренцијата е легална, здрава и добра за моторспортот.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ