Алонсо: Алпин беа многу конкурентни во Русија

Фернандо Алонсо ја започна трката за Големата награда на Русија на хард гуми и во моментот кога сите менуваа дојде до втората позиција пред да влезе во исто време со тогаш водечкиот Серхио Перез да менува. 

Шпанецот беше на 6та позиција до крајот на трката пред дождот и во еден момент беше на 3то место.

Беше одлична трка за нас, Најдобра трка во однос на перформанси. Болидот беше брз и балансот беше одличен. Имавме темпо слично на Чеко во првата серија.

Подоцна променивме на медиум и можев да го престасам Верстапен и да се оддалечам од него. Кога почна да врне бев трет и болидот леташе. Среќен бев, но тогаш заврна.

Некои возачи премногу ризикуваа, некои немаа среќа, но времето беше лотарија. Мислам дека бевме ултра конкурентни и имавме добри перформанси. Сигурно можевме да сме на подиум.

Норис имаше одлична трка и штета е што не победи. Дождот е многу важен фактор. Секој поен е заслужен и не сме имале поклонети поени до сега – смета шпанецот.

Марцин Будковски, Извршниот шеф на Алпин, го поздрави резултатот на Алонсо и додаде дека можеле да се на подиум доколку порано менувале гуми. 

Задоволни сме со шеста позиција и ќе земеме осум поени. Добри сме во шампионатот, Но можевме на подиум.

Беше тешко во вакви услови кога почнува да врне, Но во реалност можевме и до втора или прва позиција доколку влезеа Хамилтон и Норис. Не сме разочарани, но можевме повеќе. Потребно е многу среќа.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ