Алонсо е среќен од тестот на Астон Мартин

Фернандо Алонсо откри дека е целосно среќен откако премина од Алпин во Астон Мартин за наредната сезона и го заврши првиот тест со тимот. 

Тој изненади многумина со својот потпис за Астон Мартин и реши да го напушти Алпин по две години. Иако официјално започнува со работа наредната година, француската фабричка екипа му даде дозвола да вози на тестот со британскиот тим. Тој изврте 97 кругови со АМР22 и беше трет најбрз, пред да му го предаде болидот на Ленс Строл. 

Болидот не е ни блиску до тоа што ќе го имаме наредната година и денеска Само се запознавав со болидот.

Имав силен викенд тука, Себ беше пред мене, но мислам дека немаше разлика меѓу Астон и Алпин овој викенд. Ова е добар болид и двата завршија во поени во неделата оптимист сум.

Кога потпишав не бев целосно среќен, Но сега сум – објасни двократниот првак.

Алонсо е пресреќен што извртел толку кругови со моторот на Мерцедес во Астон Мартин. 

Кога ми кажаа колку километри се извозени бев загрижен бидејќи тоа е многу за мој стандард, Но 97 кругови не се проблем и тоа е одлично. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ