Алонсо задоволен: Одиме на пол позиција

Фернандо Алонсо цели да го искористи силниот ритам на петочните сесии и да предизвика за пол позиција на Гранд При трката во Монако.

Во пресрет на најважните квалификации во годината, возачот на Астон беше одличен на петочните сесии, заврши на 2ро место на првиот тренинг, а 4ти на втората сесија со само 1/4 од секундата побавно време од Верстапен.

Поради недостатокот на правци, РБ19 не е така доминантен како на другите места, така што борбата за пол позиција и победа е отворена.

имавме добар ден и ја комплетиравме зацртаната програма иако имаше неколку црвени знамиња, но исто е за сите. извозевме доволно кругови за да стекнеме верба во болидот што е многу важно овдека, да се влезе во ритам за викендот. чувсртвото беше добро, лесно се справуваме со предизвиците што е многу добро на вака тешка патека.

имаме верба во пакетот затоа што чувството беше константно позитивно од почетокто на годината и не останавме разочарани ни денеска. уживав додека возев, се забавував и нетрпелив сум да се вратам – посочи алонсо.

Запрашан за неговите шанси за пол позиција во Сабота, тој одговори:

ќе видиме, мислам дека се е отворено на квалификациите, но ние секако дека сме кандидати.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ