Алонсо за жалбата на Алпин: Ќе видиме дали Ф1 се движи во вистинска насока

Фернандо Алонсо посочи дека одлуката на ФИА во врск со протестот на Алпин на казната од Гранд При трката во Америка ќе ја покаже насоката во која спортот се движи.

Возачот на Алпин доби казна од 30 секунди по трката крај Остин откако стјуардите на ФИА сметаа дека го возел болидот во небезбедна состојба за време на трката, а по пријавата од страна на Хаас. Шпанецот беше дел од несреќата каде по контактот со Ленс Строл се вивна во воздухот, но слета со помали оштетуања и можеше да продолжи да финиш на 7мо место.

При сударот со Строл, тој го загуби ретровизорот, а по 30 секунди казна на крајот од трката, “падна“ од 7мо на 15то место и надвор од поени. По одлуката на стјуардите, се жалеа и Алпин кои посочија дека Хаас задоцниле цели 24 минути со својот протест. Но, ФИА го прифати протестот на американците и ја критикуваше контролата на трка дека не му покажала црно-портокалово знаме на шпанецот кога го загбил ретровизорот.

ова е еден од оние ретки моменти во спортот кога чувствувам дека сите сме на исто, имаме исто мислење кон правилата и процедурите – напиша алонсо на социјалните мрежи.

Во Понеделник ФИА откри дека жалбата на Алпин против казната ќе биде разглдана во Четврток во 18 часот по локално време во Мексико во пресрет на Гранд При тркачкиот викенд. Нандо посочи дека одлуката која во Мексико Сити ќе се донесе ќе открие дали спортот се движи во вистинска насока.

ќе биде важен ден за спортот затоа што одлуката ќе покаже дали насоката по која се движиме е исправна.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ