Алонсо за Строл: Има брзина но нема среќа

Фернандо Алонсо изјави дека неговиот колега Ленс Строл нема среќа но има добри перформанси. 

Алонсо имаше уште два подиума во Мајами и Монако додека Строл не заврши во поени. Тоа значи дека Алонсо освоил 66 поени повеќе од Строл на првите шест трки. 

Мислам дека немаше среќа на последните трки. Во Бахреин возеше со една рака и беше брз. Во Џеда имаше проблем со издувот и беше пред Ферари . Во Мајами премногу ризивкуваше. Во Монако имаше други проблеми. Очигледно лесно е да биде на насловна страна и никој не гледа колку беше брз во Монако. Се надевам дека ќе има повеќе среќа бидејќи веќе има брзина. 

Строл имаше најдобар финиш во Австралија и сега чека подобра трка во Шпанија. 

Многу работи се случуваат во тешки викенди. Има добри викенди и лоши викенди. Како и секој викенд мора да извади максимум во моментов. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ