Алонсо извозе 93 кругови со Рено на Шакир

Фернандо Алонсо комплетираше 93 кругови на патеката Шакир во Бахреин со РС18 болидот на фабричкиот тим на Рено додека се подготвува за своето враќање во Формула 1.

Двократниот шампион го возеше моменталниот болид на Рено при денот за снимање во Барселона пред три недели и ги извозе дозволените 100 километри, но на Шакир, шпанецот беше во можност да помине поголема километража.

Во интервју, Алонсо призна дека кога ќе се врати во акција следната година, очекува дека ќе му бидат потребни неколку трки за да ја достигне максималната брзина.

Тешко е сега да коментирам. Мислам дека ќе ми требаат неколку трки, ако сум искрен, поради ограничено тестирање за следната година, но повеќе за мене бидејќи не сум возел 2 сезони.

Мислам дека зимскиот тест ќе биде еден и пол ден и не може да се подготвите за светско првенство во толку краток период. Сега е таква ситуацијата. Ќе се обидам да направам нешто во симулаторот, а на вистинскиот болид да се фокусираме на сетапот.

Ова е нов тим, нови опции на управувачот, со нови процедури, нови инженери, многу новини за кои е потребно време, но ќе се обидам да се прилагодам што поскоро.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ