Алонсо: Мик ме потсетува на татко му

Фернандо Алонсо изјави дека речиси се околу Мик Шумахер го потсетува на неговиот татко, Михаел Шумахер.

Алонсо и Михаел Шумахер беа ривали во последните години на Шумахер со Ферари кога Алонсо ја прекина доминацијата на германецот и освои две титули. Многу години подоцна, Алонсо сеуште вози во Формула 1 и овој пат се трка против синот на Михаел, Мик со кој шпанецот забележува сличности.

Посебно е што е тој во Формула 1. Ме потсетува на татко му. Говорот на телото, изразите на лицето, речиси се, Дури и исто гледа во екранот со времињата – посочи нандо.

Алонсо во моментов има посилен болид од Шумахер кој е на дното на гридот, но шпанецот е фан на стилот на Шумахер и се надева дека неговиот син ќе добие конкурентен болид.

Ми се допаѓа неговиот стил и тоа што е во Формула 1, но Сакам да вози со подобар болид.

Михаел Шумахер имаше репутација на бестрашен натпреварувач додека Алонсо изјави дека секогаш имало почит помеѓу нив.

Тој никогаш не се предаваше. Имавме голема взаемна почит. Тој секогаш ме тераше да сум подобар и ми посакуваше успех.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ