Алонсо оди на победа во Монако

Фернандо Алонсо изјави дека ќе оди на победа во Монако откако беше преблиску до пол позицијата во Монако, која патем ја освои Макс Верстапен.

Тој ја загуби битката за пол од Верстапен за нецела десетинка (0,084 секунди) откако холанѓанецот извозе неверојатен трет сектор, откако заостануваше две десетинки по вториот и стигна до првата пол позиција во Монако.

Со еволуцијата на патеката и зголемувањето на грипот, ризичната стратегија на Ред Бул се исплатеше. Алонсо загуби во последниот сектор каде Верстапен надомести три десетинки.

Очигледно пол позицијата значи многу во Монако и Макс беше малку побрз од мене, Но мислам дека старт од првиот ред е голема работа за нас бидејќи последниот сектор ни е слаба точка на патеката.

Ќе видиме како ќе биде утре во однос на стратегијата и со временските прилики, но ќе се обидам да победам – посочи нандо.

Верстапен често има проблеми на стартот и Алонсо верува дека тој може да напредува на стартот во трката до првиот свиок.

Има краток правец до првиот свиок, а најчесто имаме добри стартови оваа сезона. Макс не е константен на стартот и можеби ќе погреши – се надева шпанецот.

Возачот на Астон Мартин ја чека првата победа по 10 години и прва во Монако од 2006 година.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ