Алонсо очекува најбрзо Австралиско ГП до сега

Со додавање на 4та ДРС зона на годинешното Австралиско Гранд При, веројатно ќе ја следиме најбрзата трка во Мелбурн во историјата.

Лани трката се врати во каленарот прв пат по 2019 година, прекини поради пандемијата, а уличната патека претрпе измени во вид на отстранување на шиканите број 9 и 10 и со тоа, создавање летечки правец од 6от свиок до кривините 11 и 12. Исто така беа проширени кривините број 1, 3, 6 и 13 заедно со нов асфалт на целата патека.

Годинава нема физили промени на Албт Парк, а разликата е додавањето на 4та ДРС зона на новосоздадениот правец помеу 6та и 11та кривина. Лани оваа сезона се користеше само во петок, а потоа поради загрженот во однос на безбедноста беше отстранета.ж

австралија е секогаш забавна патека за тркање и љубопитен сум да видам што има патеката да понуди различно од претходно. ќе биде уште побрза трка од лани и се надевам дека ќе има многу повеќе претекнување.

како и секогаш, квалификациите ќе бидат клучни на алберт парк, така што мораме да се осигураме дека ќе бидеме силни во сабота за да бидеме во колку што може подобра позиција за главната трка во недела.

одиме во австралија со два подиуми по ред и се надеваме дека ќе се надоградиме на тие силни резултати. болидот беше одличен на две различни патеки до сеа, но мораме да останеме приземјени и реални дека за силен резултат треба да одработиме совршено – посочи алонсо.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ