Алонсо подготвен да ужива на Дакар, но не и да победи

Фернандо Алонсо не верува дека има шанси да победи на Дакар релито следниот месец, инсистирајќи дека неговото неискуство на настанот ги ограничува неговите можности.

Агендата на Алонсо годинава вклучуваше неуспешен обид да се квалификува на Инди500, како и завршетокот на должностите со Тојота во ВЕЦ, каде победија на 24 часа Ле Ман по втор пат. Како што продолжува со својата моторспорт кариера и пред да се фокусира на следниот настап на Инди500 во Мај, двократниот шампион во Формула 1 се подготвува за две недели исполнети со песок и прашина во Саудиска Арабија.

Запрашан дали смета дека е подготвен за неговото возење во пустината, шпанецот вели дека е подготвен, но победа ќе биде предизвик.

Ако учествувам за да уживам во тоа искуство, да. Ако учествувам за да го извлечам максимумот, да. Ако размислувам на Дакар во однос на победа, не се чувствувам подготвен.

Целосно сум свесен за мојот недостаток на искуство. Мислам дека во други трки во кои сум се обидел, во Инди, Ле Ман или Дејтона, се чувствувам конкурентен на ниво со кое може да се борам за победа.

На Дакар, не сметам дека сум на тоа ниво и мора да бидам приземјен. Но, ќе се обидам со поинаква стратегија. Нема да бидам најбрз, но се надевам ќе бидам во добра позиција на крајот.

Алонсо истакна уште еднаш дека неговата главна цел наредната година ќе биде Инди500, иако сеуште треба да одлучи за кој тим ќе учествува на легендарната трка.

Намерата е да учествувам на Инди500 следната година. Сакам да победам на трката и тоа е мој главен приоритет. Мора да ги разгледам најдобрите опции за да бидам конкурентен. Минатата година беше штета што не бевме доволно конкурентни и доволно подготвени.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ