Алонсо: Проблемите на Алпин не може да се споредат со Мекларен Хонда

Фернандо Алонсо изјави дека проблемите со издржливоста на Алпин оваа сезона не можеле да се споредат со тие од времето на Мекларен и Хонда. 

Тој ја заврши својата втора сезона по паузата на 9то место во возачкиот поредок, но загуби доста поени поради проблемите со издржливоста. Шпанецот отворено се пожали на Алпин за проблемите кои го чинеа многу, но ова не е прв пат за Алонсо да се сретне со ваков проблем. 

Кога ја завршивме сезоната всушност уживавме. Во Мекларен Хонда секогаш бевме надвор од поени. Не се споредува – вели нандо.

Алонсо помина неколку сезони со Мекларен Хонда по враќањето на јапонскиот производител во Ф1. Тоа беше една од најголемите грешки во историјата на Формула1 во кои за три години, Мекларен Хонда немаа никаков напредок и договорот беше раскинат при што Мекларен се префрли на Рено. 

Алонсо не заврши шест трки оваа сезона споредено со осум во 2015 и 10 во 2017 година. 

имав Шест незавршени трки, но тука не се сметаат проблемите на квалификациите. Спринт трката во Австрија не ја ни започнав. Така да можеби се девет или 10 проблеми на трките што е неприфатливо. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ