Алонсо сака да го види Херез назад во Ф1

Фернандо Алонсо сака шпански Херез да се врати во Формула 1 календарот и дополни оти тоа би било одлично за земјата.

Откако тркта во Валенсија беше исклучена од календарот на крајот од 2012 година по пет години Гранд При тркање на пристаништето во градот, Шпанија има само една трка, онаа крај Барселона. Ако се е според првичниот календар, ситуацијата ќе остане така и догодина, иако последните две години има ротации во календарот во текот на сезоната.

Повеќе не е можно да се вози Формула 1 во Валенсија, така што евентуално втора трка во Шпанија би се случила на Херез, патека која имаше трка од 1985 до 1990 година, а до пред неколку години редовно беше домаќин на тестирање.

ние сме прва резерва и штом некоја трка ќе се откаже, ние можеме веднаш да ја замениме – потврди регионалниот миистер за туризам, хуан марин.

Пречка за евентуален Гранд При настан е секако тоа што патеката треба да биде реновирана, односно освежена, а тоа, според проценките, ќе чини околу 5 милиони евра.

Фернандо Алонсо, двократниот првак кој има победи во Барселона во 2006 и 2013 година е возбуденод идејата за втора домашна трка што смета дека ќе биде одлично за шпанија и Формула 1 фановите.

видов на вести дека патеката сака место во формула 1 и се надевам дека наскоро ќе имаме две трки во шпанија. во времето кога се возеше во валенсија го имавме тоа и беше одлично за земјата и фановите. се надевам дека повторно ќе се случи.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ