Алонсо се враќа со Кадилак на 24 часа Дејтона

Од скоро пензионираниот Формула 1 возач, Фернандо Алонсо, ќе вози заедно со поранешниот Формула 1 возач, Камуи Кобајаши, на претстојната трка Ролекс 24 часа Дејтона, со екипата на Вејн Тејлор Рејсинг, возејќи го автомобилот Коника Минолта Кадилак број 10 заедно со Џордан Тејлор и Ренгер ван дер Занде.

Ова ќе биде второ учество за шпанецот на трката од 24 часа, откако на почетокот на 2018 година се тркаше со екипата на Јунајтед Аутоспорт.

Кобајаши, кој се натпреварува како тимски колега на Алонсо во Тојота, во Светското Првенство на Издржливост, ќе дебитира во Дејтона.

Најпрвин, сакам да им се заблагодарам на Коника Минолта за нивната подршка на тимот и екстремно сум возбуден што во тимот ќе се приклучат Фернандо Алонсо и Камуи Кобајаши.

И Фернандо и Камуи се шлагот на тортата од возачи со светска класа, не само во Ф1, туку како моментални тркачи. Требаше повеќе време да се организира сето ова и сакам да им се заблагодарам на сите.

Фернандо возеше на Дејтона минатата година, а ова ќе биде прв пат за Камуи. Имаме планови да ги интегрираме двајцата во нашата програма многу ефикасно и успешно. Апсолутно сум возбуден што сме во можност ова да го оствариме и одвај чекам да стигнеме во Дејтона – изјави сопственикот на тимот, Вејн Тејлор.

Во претходниот обид, Алонсо ја заврши трката на 13то место откако имаше механички проблеми, а сега тој одвај чека да се врати на трката во САД.

Многу сум среќен што ќе бидам дел од тимот на Коника Минолта Кадилак и Вејн Тејлор Рејсинг за трката 24 часа Дејтона.

Ова е без сомнеж една од најдобрите трки во американскиот и светскиот моторспорт. Враќањето во САД е секогаш посебно. Атмосферата од фановите е уникатна во текот на целиот викенд. Се надевам дека ќе се борам за победа, но се надевам и на забава.

Го имав своето деби минатата година во трките на издржливост и со овие спортски прототипови, како и на оваа патека. Сакав повеќе, но проблем со сопирачките ги уништи нашите надежи за подиум. По интензивна година со учеството во Формула 1 и ВЕЦ, навистина одвај чекам на 2019 годиан и можност да победам на најважните трки во светот.

Гладен сум и одвај чекам за првата трка од наредната сезона, каде ќе се борам заедно со колегите од Коника Минолта Кадилак – изјави Алонсо.

Алонсо во 2019 година исто така ќе се натпреварува и на Инди500, како и во ВЕЦ.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ