Алонсо се надева дека Алпин имале лоша среќа во Бахреин

Фернандо Алонсо доаѓа на познат терен во Европа и се надева дека тој и тимот на Алпин ќе имаат подобра трка од таа во Бахреин. 

Ниту Алонсо ниту Окон не успејаа да завршат во поени на првата трка од овогодинешниот календар. Двократниот шампион се квалификуваше на 9та позиција во Бахреин и возеше во топ 10 се додека не му откажаа сопирачките. Лошата среќа ги уништи шансите за поени на Алонсо додека Окон беше удрен од несмасниот Себастијан Фетел и не можеше да се бори понатака. 

Алонсо има победено на Имола во 2005 година и сега повтроно би сакал да освои поени. 

Мислам дека ќе се бориме и ќе освоиме поени во недела. Се надевам дека во Бахреин имавме само лоша среќа. Сеуште го учиме болидот и очекувам добро да го подесиме. Бевме близу и мислам дека ќе може да напредуваме. 

Шпанецот, сепак, призна дека тркањето му недостасувало. 

Навистина уживав. Ми недостасуваше овој адреналин од квалификациите што го има во Формула 1. 

Навистина сум задоволен што успеавме да влеземе во К3 и одиме напред. Резултатот на трката не беше посакуван но немавме среќа. Сега не очекуваат интересни борби на патеката. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ