Алонсо со објаснување на коментарите за “ГП2 моторот“

Фернандо Алонсо призна дека му е жал што го нарекол моторот на Хонда од 2015 година “ГП2 мотор“ иако бил премногу фрустриран од перформансите. За време на Јапонското Гранд При во 2015 година на Сузука, тој преку тимското радио го нарече слабиот мотор на Хонда “ГП2 агрегат“ алудирајќи на очајната работа која јапонците ја правеа таа сезона.

чувствувам како да возам гп2. срамота. многу срамота – нервозен беше нандо преку радиото во момемт кога беше престасуван од маркус ериксон на заубер.

Тоа беше првата година од враќањето на Хонда во врвната моторспорт серија, сезоната во која тие се мачеа со секакви проблеми, а Мекларен беше единствен кои ексклузивно го користеше неговиот агрегат.

тој коментар дојде од огромната фрустрација и можеби не требаше да го кажувам тоа, но не го кажав на телевизија или на прес конференција. разговарав со моите инженери приватно, а разговорот беше пренесен преку телевизија. не беше наенето да го чујат сите, но сепак моторот беше навистина лош – објасни алонсо.

На крајот на 2017 година Хонда и Мекларен ја прекинаа соработката, откако во Вокинг решија да почнат да користат мотори на Рено, а сезоните со јапонски мотор ги завршуваа на 9то место, 6то место и 9то место повторно во 2017 година.

Хонда се префрлија во Торо Росо за 2018 година како еден вид на проба за следната сезона кога ги снабдуваа и Ред Бул и дојдоа до три победи со Макс Верстапен.

Многумина го задеваат Алонсо за своите коментари од 2015 година откако јапонците почнаа да победуваат, но шпанецот е сигурен дека било кој возач на негово место би бил силно критики настроен он моторот. Сепак, тој вели дека е среќен што Хонда победува на трки.

првата година на првиот предсезонски тест во херез за 4те денови колку што се тестираше ние комплетиравме само седум кругови. сега хонда победува на трки и мене често ме зезаат како гп2 моторот сега победува и дека не сум требал да го кажам тоа.

среќен сум за нив, но моторот кој јас го имав додека возев за мекларен не е воопшто ист со овој кој победи во бразил.

ако врвен возач денеска ги имаше перформансите кои ги имав јас тогаш, не можам да замислам како би се чувствувал. во 2015 година се мачев да минам надвор од к1 и имавм 575 позиции казна поради промена на мотор.

јас зборувам работи во кои верувам и кои вистина ги мислам. верувам дека тоа што тогаш го кажав беше вистина. понекогаш можам да згрешам, но тоа го прават сите. не ми е грижа што велат другите и ретко читам весници.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ