Алонсо со прв подиум во Rally-Raid со Тојота

Фернандо Алонсо стигна до својот прв подиум во рели-реид во Саудиска Арабија со Тојота како дел од подготовките за Дакар следната година.

Алонсо и со-возачот Марк Кома, со Тојота Хилукс стигнаа до трето место на четиридневниот Ал Ула-Неом рели-реид настан, како дел од 3та трка во Сауди Тојота Десерт Рели првенството.

На трката победи Јазид Ал-Раџи и Константин Жилтсов, исто дел од Тојота, но Алонсо ги покажа своите перформанси на настанот со последователни 3ти места на последните две фази.

Ова беа добри четиридневни подготовки за Дакар со откривање на нов терен и нови елементи.

Да се пласирам на трето место во последните 2 фази и да завршам трет севкупно е првиот мој подиум во релито. Тоа е добро што се случи сега и ми дава самодоверба за Дакар.

Дакар следната година ќе се оджри во Саудиска Арабија од 5ти до 17ти Јануари, а Тојота ќе учествува со 4 автомобили во фабричката екипа, каде ќе бидат вклучени Алоно, Насер Ал-Атија, Жиниел де Вилие и Бернхард тен Бринке.

Алосно, кој сеуште има улога на амбасадор на Мекларен и нивниот бренд, не ја пополнил својата агедна за 2020 година.

Се шпекулира дека тој имал разговори со Андрети Аутоспорт за враќање на Индијанополис во Мај, додека Arrow McLaren SP исто така покажаа интерес тој да вози за нив на познатата трка во Америка.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ